По два месеци се огласи и Дибала откако не реализира трансфери во Манчестер Јунајтед и Тотенхем


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Маурисио Сари сакаше да се ослободи од аргентинскиот фудбалер, Пауло Дибала во летниот преоден рок.

Јувентус дури прифати две понуди, од Манчестер Јунајтед и Тотенхем за аргентинскиот офанзивец, меѓутоа самиот фудбалер одби да се преселина Островот и одличи да остане да се бори за место во Торино.

Откако на стартот не добиваше шанса од Сари,Дибала сега почна да игра од првата минута, а беше клучен за триумфот во дербито против Интер.

„Отсекогаш јасно кажував, моја цел секогаш беше да останам во Јувентус, без оглед на тоа кој клуб е заинтересиран за мене“ –изјави Дибала по натпреварот со Интер.