Макси Лопез му прости на Мауро Икарди, но Ванда брутално му одговори


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Макси Лопез изјави дека му простил на својот сонародник Мауро Икарди што му ја украл сопругата, а сега и таа самата се огласи.

Пред шест години Ванда го остави Лопез и започна врска со девет години помладиот Мауро, со кој е во брак од 2014. година.

И покрај се што се случувало, Лопез изјави дека му простил на Мауро…

„Му простив на Икарди и веќе немам проблеми со него. Цел ми е децата да бидат среќни и тоа е се. Сето останато е минато и свртив нова страница во животот“, порача Макси Лопез во средата.

Ванда на Инстаграм ја следат 5.7 милиони луѓе, а таа кратко ги прокоментира зборовите на Лопез.

„Почитувањето е како пари. Можеш да ги молиш, но подо n “, напиша Ванда.

Таа и Макси Лопез имаат тројца синови, додека со напаѓачот на ПСЖ имаат две ќерки.