Баерн Минхен ќе купува уште еден фудбалер на Барселона

Откако го обезбеди потписот на Фелипе Кутињо кој пристигна на едногодишна позајмица, Баерн Минхен сака да обезбеди уште еден фудбалер на Барселона.

Имено по повредата на Никлас Суле, Баерн Минхен е краток на позицијата централен бек и ќе се обидат да ја пополнат со искусен играч.

Како што пишува „Тутоспорт“ Баерн е заинтересиран во своите редови да го донесе францускиот репрезентативец и член на Барселона, Самуел Умтити кој не добива многу шанса од Ернесто Валверде.