Леванте славеше против Мајорка, Рочина постигна погодок кој ќе биде претендент за гол на сезоната (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Леванте славеше победа од 2:1 во еден возбудлив натпревар против тимот на Мајорка.

За Леванте последните 15тина минути ги одигра и нашиот репрезентативец, Енис Барди кој веднаш по влегувањето на теренот имаше одлична шанса со пета да го матира противничкиот голман, но топката замина покрај стативата.

Што се однесува до головите, Леванте поведе со голот на Роџер Марти, додека резултатот го изедначи Родригез.

Потегот на вечерта го изведе Рубен Рочина кој од 33 метри ја затресемрежата на гостинскиот голман за големи три бода за Леванте.

Во тимот на Мајорка во протоколот го немаше Александар Трајковски, веројатно поради повредата заработена на натпреварот против Австрија.