Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на стручниот штаб на Болоња, Синиша Михајлови утре ќе одржи прес конференција, прва од летото кога соопшти дека болува од леукемија.
Болоња доби само еден од последните десет натпревари ов Серија А, а од стартот на сезоната главно е без првиот тренер кој се бори со леукемијата.
Клубот денес соопшти дека српскиот стратег утре во 10:00 часот ќе одржи прес конференција, на која ќе присуствуваат и неговите доктори од болницата „Сант Орсола“ во која Михајловиќ се лечеше овој период.
Михајловиќ минатата седмица беше отпуштен од болницата откако го заврши и третиот циклус од хемотерапијата.