Тешки обвинувања за Вујовиќ: Им земал по 300 евра на ракометарите!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Веселин Вујовиќ од средата повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Словенија. Неочекувано Словенците решија да го прекинат договорот со искусниот стратег и тоа пред самото Европско првенство.

Вујовиќ има своја верзија за причините за отказот, а според него не пресудил испадот кој се случи на мечот на ППД Загреб, кога на млад словенечки ракометар му викаше „Умpи, не сакам да те гледам“.

Тоа според Вујовиќ, донело до побуна кај други ракометари кои пред Сојузот поставиле ултиматум, а во меѓувреме се појави и друга информација која не оди во прилог на тренерот.

„Вујовиќ уживаше во покерот, но играше само од забава. Секој кој сакаше да игра со него, мораше да плати 300 евра, а тие што учествуваа во тоа му беа омилени, додека останатите не ги почитуваше“, објавија словенечките медиуми.