Леброн Џејмс ја изнервира публиката, па објасни: Тоа е најлошо нешто што сум го направил! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс призна дека направил чекори во мечот против Јута. Видео-снимката на која може да се види како Американецот прави чекори ги изнервира навивачите.

Причината за нервозата кај навивачите беше тоа што удиите не досудија чекори на Џејмс, а по мечот Леброн откри што се случило.

„Тоа беше една од најлошите работи кои сум ги направил во кариерата. Не ни сфатив до поллувреме што сум направил, а потоа еден тренер ми покажа. Жал ми е за судијата, зашто сигурно ќе добие казна поради тоа“, вели Џејмс.