Солскјер го коментираше и можниот трансфер на Халанд: Тој донесе одлука


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед по денешниот натпревар против Евертон истакна дека Ерлинг Халанд донел одлука за својата иднина.

Норвежанецот замина да се сретне со Халанд и претставниците на играчот во петокот за да разговара за негов можен трансфер на „Олд Трафорд“:

Запрашан како поминала средбата Оле Гунар Солскјер само кратко одговори:

„Нема да коментирам на шпекулациите, тоа е тоа. Халанд знае што сака да прави и знае што ќе направи. Не мора да давам совети на никого од други тимови“ –изјави Солскјер.