Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Привремениот тренер на Евертон, Данкан Фергусон кој на два тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед собра три бода на денешната средба на „Олд Трафорд“ повлече несекојдневен потег.
Фергусон си поигра со младиот, 19 годишен Моизе Кин кој ова лето за сума од 30 милиони евра пристигна во Евертон од редовите на Јувентус.
Стратегот најпрво го вметна во игра фудбалерот на местото на Бернардо, за по 18 минути да ог извади од игра. Тоа го налути младиот играч кој не се поздрави со тренерот и замина веднаш во соблекувалната.
„Гледам дека е вознемирен. Ќе зборувам со него утре. Треба да сфатат дека ако си замена, можеш да бидеш заменет, и мене ми се случувало тоа. Ми требаа свежи нозе. За негова жал тој беше тој кој одлучив да го извадам, но тоа беше за доброто на тимот. Се мачеше со брзината на натпреварот и реков дека ќе ставам играч кој подобро може да се носи со тоа“ –изјави Фергусон.
Frosty reception from Moise Kean…❄?
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) December 15, 2019
The substitute is subbed himself as Duncan Ferguson makes a big call! pic.twitter.com/3Y4qylA0eq















