Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Карло Анчелоти вчера си пуштил рака со раководните луѓе на Евертон и наскоро се очекува да стане нов тренер на овој клуб.
Искусниот италијански стратег според „Скај Спортс“ се согласил на долгогодишен договор со траење од цели 4.5 години и ќе седне на клупата на „карамелите“ веднаш по натрпеварот со Лестер кој ќе биде воден од Данкан Фергусон.
Данкан Фергусон ќе остане во стручниот штаби ќе му помага на Карло Анчелоти, а покрај нив двајца во клубот како асистент тренер ќе работи и синот на Карло, Давиде Анчелоти.
Интересно е тоа што Давиде Анчелоти му беше помошник на својот татко и во Наполи и во редовите на Баерн Минхен.















