Еве зошто Јаја Туре му забранил на синот да стане фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот играч на Сити, Јаја Туре, откри дека расизмот е причина поради која му забранил на синот да игра фудбал.

Овој проблем кој се повеќе се појавува и на фудбалските терени е нешто кое доста влијае на 36-годишниот играч кој моментално настапува во Кина и не сака и неговиот син да ја доживее истата судбина и истите навреди кои тој ги слушал.

“Чувствителен сум на тоа, бидејќи расизмот е нешто што цело време боли”, рекол Туре во едно интервју, па продолжил:

“Моето дете сака да игра фудбал и сака да стане фудбалер, но му реков: ‘Не, не можеш да го правиш тоа’. Не попуштив на мојот став. Зошто? Поради овие работи”

Туре во текот на својата кариера бил повеќе пати жртва на расизам, а еднаш го обвини и Пеп Гвардиола дека е расист.