Ливерпул маршира кон титулата: Избраниците на Клоп испукаа четири парчиња во мрежата на Лестер


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул на фуриозен начин ја продолжи победничката серија совладувајќи го најблискиот конкурент, тимот на Лестер со убедливи 4:0.

„Црвените“ имаа одлично гостување на „Кинг Пауер Стадионот“ каде буквално владееа на теренот и сосема заслужено стигнаа до победата.

Резултатот го отвори Роберто Фирмино со погодок во 31. минута. Со тој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел избраниците на Клоп одиграа фуриозно.

Милнер, Фирмино и Александер Арнолд до врв ја наполнија мрежата на Лестер и останаа убедливо на врвот на табелата во Премиер лигата.