Мурињо во (не)возможна операција: Нуди ѕвезда плус пари за фудбалер на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да продаде неколку фудбалери во текот на зимава, а еден од нив е Герет Бејл, кој во последно време добива критики и од страна на навивачите.

Репрезентативецот на Велс долго време се спомнува како фудбалер, кој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, па токму поради тоа Жозе Мурињо сака да ја искористи ситуацијата.

Медиумите пишуваат дека Мурињо планира да го донесе Бејл во Лондон, а во целата операција сака да ги вклучи Кристијан Ериксен плус 30 милиони евра, кои смета дека ќе бидат доволно за да го убедат претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез.

Ериксен е голема желба на раководството на Реал, а Мурињо не смета премногу на неговите услуги, па поради тоа планира да го понуди и да ја направи споментата размена.