Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Ливерпул синоќа на „Енфилд“ во 21. коло од Премиерлигата го победи Шефилд јунајтед со 2-0 и ја продолжи одличната серија, па конечно би можел да го прекине постот и да ја освои титулата во англискиот шампионат.
Екипата на Јирген Клоп е прва на табелата со 58 бодови, односно 13 повеќе од второпласираниот Лестер, но „црвените“ имаат одиграно и еден меч помалку.
Ливерпул веќе 37 натпревари не знае за пораз во Премиерлигата, а тоа е трета најдолга серија откако се игра Премиерлигата (1992). Пред нив се само Челси и рекордерот Арсенал со 49 натпревари без пораз.
Интересно е и тоа што европскиот шампион последниот меч го загуби дури пред една година, на трети јануари на „Итихад“ против Манчестер сити со 1-2.
Liverpool haven't lost a league game in a year ? @brfootball pic.twitter.com/Zzbz2InHzJ
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2020