Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Агентот и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара за странски медиуми ја коментира иднината на нејзиниот сопруг во редовите на ПСЖ.
Да потсетиме, напаѓачот во Париз се наоѓа на позајмица и се уште е член на Интер, а новинарите секако ги интересира која е неговата судбина по завршување на оваа сезона.
Ванда не понудила конкретен одговор.
“Тоа е негова одлука и ништо во моментов не е сигурно”, кажала и додава:
“Моментално во Франција е среќен и многу сум среќна поради тоа. Исто така создадовме многу пријателства, ќе видиме….”, порачува Ванда.
Икарди оваа година ја игра можеби најдобрата сезона. До сега запиша 18 настапи за Светците и постигна фантастични 14 погодоци.
Од првата постава го потисна Единсон Кавани и ако вака продолжи веројатно ќе има безброј понуди.