Како гром од ведро небо: Милан и Интер договорија трансфер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува италијански Скај спорт, градските ривали Интер и Милан договориле уште еден трансфер.

По трансферот на Златан Ибрахимовиќ, Росонерите, наводно, имаат намера да донесат уште еден напаѓач во јануарскиот преоден рок, а се работи за Матео Политано.

Овој фудбалер дојде во Интер летото во 2018 година, но во жестоката конкуренција помеѓу Ромелу Лукаку, Алексис Санчез и Лаутаро Мартинез не доби многу шанси оваа сезона, па логично беше тој да ја смени средината во текот на зимата.

Како што пренесува изворот, агентот на Политано деновиве престојува во клупските простории на Милан, каде се договорени личните услови на овој напаѓач. Сумата што Милан ќе ја плати на Интер ќе биде 25 милиони евра.

Политано оваа сезона е во сенка на Мартинез и Лукаку и има одиграно само 10 натпревари во Серија А на има настап од клупа на скоро секоја на кои собрал 243 минути.

Неговото пристигнување во редовите на Милан би ја зголемило конкуренцијата во нападот, а веројатно приказните за заминувањето на полскиот Пјонтек би станале уште погласни.