Нови детали: Коби Брајант и сопругата имале посебен договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса Брајант имале посебен договор меѓусебе и тие се договориле никогаш да не летаат заедно со хеликоптерот.

Брајант го загуби животот заедно со неговата 13-годишна ќерка Џина Марија, како и уште седум лица кои беа во хеликоптерот во моментот на падот.

Магазинот „Пипл“ објави дека Коби и неговата сопруга се договориле да не летаат заедно во хеликоптерот, а точната причина никогаш не е позната, но се претпоставува дека тоа го договориле поради страв од ваква несреќа.

Легендарниот кошаркар неколку пати кажа дека секојдневно користи хеликоптер затоа што така избегнува големи метежи во сообраќајот во Лос Анџелес и заштедува повеќе време за да биде со неговите деца.