Потресна изјава за сопругата на Коби: Ванеса не може ни да зборува по загубата...

Целиот свет уште не може да се помири со веста дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со неговата ќерка 13-годишната Џина Марија, како и уште седум лица кои беа во леталото.

Коби зад себе ја остави сопругата Ванеса и уште три деца Наталија, Бјанка и Капри. Според извори на „Дејлии Мејл“, неговата сопруга целосно е скршена поради загубата на нејзиниот сопруг и ќерка, но се обидува да им даде утеха на останатите деца.

„Ова е исклучително тешко и страшно време за Ванеса и целото семејство. Ванеса не може ниту да зборува, а да не заплаче. Меѓутоа, се труди да остане смирена колку што може повеќе за да ги утеши ќерките“, открива извор за „Дејли Мејл“.