Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Пеп Гвардиола има намера да остане во Манчестер сити и следната сезона без разлика на тоа што неговата екипа игра далеку под очекуваното ниво и речиси сигурно ја загуби битката за трофејот во Премиерлигата од Ливерпул.
Гвардиола планира да ја реновира одбраната за која смета дека е најголем проблем и веќе состави листа од четири стопери. Двајца од нив би требало да пристигнат на „Итихад“, а на списокот се наоѓаат По Торес, дефанзивец на Вилјареал, Милан Шкринијар од Интер, како и Луис Данк, кој игра одлично во Брајтон и Рубен Диаш од Беника.
Интересно е тоа што еден од сегашните дефанзивци ќе биде продаден, а изборот паднал на Стонс, кој беше платен над 50 милиони евра.