Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп неодамна жестоко ја критикуваше ФА поради тоа што клубовите во Англија играат премногу натпревари во текот на една сезона.
Англиските клубови покрај настапите во Премиерлигата, имаат возбудувања и во ФА-купот и Лига Купот, а доколку изборат пласман во Европа, тогаш бројот на натпревари е уште поголем.
Германецот неодамна одби да го предводи Ливерпул на меч во ФА-купот, а тоа предизвика различни реакции од јавноста. Но, Клоп сигурно ќе биде бесен откако ќе дознае каква е идејата на првиот човек на премиерлигашот.
Англиските медиуми објавија дека тој сака да почне уште едно натпреварување, кое ќе се игра во рамки на подготовките. А, доколку се случи тоа „црвените“ ќе играат уште повеќе натпревари, што не му одговара на Клоп и неговите фудбалери.