Критики кон Ибра: Тој на сите им покажа дека пријателство во фудбалот не значи ништо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годината потпиша за Милан во кој стигна како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси.

Ибрахимовиќ со „росонерите“ потпиша соработка до крајот на сезоната со можност договорот да го продолжи на уште една година, а на шест меча досега постигна три голови.

Имаше многу шпекулации за иднината на Ибра, па сите се прашуваа каде ќе ја продолжи кариерата. Дури и тој кажа дека ќе потпише за Болоња доколку го повика Синиша Михајловиќ.

Искусниот напаѓач доби критики од директорот на Болоња, Валтер Сабатини, кој бил вклучен во преговорите, а откри дека Ибра барал премногу пари и на крај се покажало дека пријателството со Миха ништо не значи.

„Зборуваше со тренерот. Се надевавме дека пријателството ќе ни помогне, но на крајот тој го избра Милан. Ибра покажа дека пријателството не значи ништо во фудбалот“, откри Сабатини.