Бекам ќе мора да го промени името на клубот поради тужба?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Клубот на Дејвид Бекам кој е создаден под името Интер Мајами ќе мора да го промени името по тужбата на екипата од Милано.

Тимот од Мајами сезонава ќе дебитира во МЛС-лигата, но најверојатно под ново име, откако Интер е блиску да ја добие тужбата против американскиот клуб.

Двата главни контра-аргументи од Мајами се дека веќе постојат голем број клубови кои во своето име имаат „Интер“, како што се Интер Нешвил, Интер Запрешиќ итн.

Италијанскиот клуб ќе мора да ја убеди Американската агенција за патенти и заштитени бреднови дека кога публиката ќе го слушне името Интер, во ист момент го поврзува со тимот од Милано.