Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити доби казна од УЕФА поради кршење на Финансискиот Фер Плеј и следните две сезони нема да има право за настап на натпреварувањата организирани под нивна капа.
Сега јавноста очекува да стигне казна и од ФА, а многумина пишуваат дека Сити би можел да биде преселен некој ранг подолу, иако тоа е речиси невозможна ситуација.
Веднаш излегоа шпекулации дека Пеп Гвардиола и дел од играчите ќе размислат дали да останат во клубот, а сега Пеп се јави со коментар со кој ги демантираше тие пишувања.
„Во која лига и да сме, јас пак ќе бидам тука. Дури и да не исфрлат во Лига Ту (Четврта лига) јас уште ќе бидам тука. Ова е момент кога треба да се држиме заедно“ –изјави Пеп Гвардиола.