Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола инсистира дека ќе остане во Манчестер Сити и покрај тоа што неговиот тим нема да игра во натпреварувањата од УЕФА во следните две години.
Излегоа шпекулации дека Гвардиола како и неколку играчи ќе си оди од клубот, меѓутоа тој по втор пат во краток период потврди дека со сигурност ќе остане во клубот.
„Лично, што и да се случи, ќе бидам овде следната сезона. Ако клубот не ме отпушти, а тоа може да се случи, ќе останам овде со сигурност. Зошто би заминал кога пред само еден месец реков дека го сакам овој клуб и сакам да бидам овде.Зборувавме со играчите и во следните три месеци ќе се фокусираме на она што треба да го направиме“ –изјави Пеп Гваридола.