Трагедија во Бундеслигата: Девојче го загуби животот на трибините на „Алијанц Арена“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голема трагедија се случи вчера на мечот во германската Бундеслига меѓу Баерн Минхен и Падерборн.

На трибините починало девојче кое имало 14 месеци, кое родителите годонеле да го гледа неговиот вујко Стрели Мамба, фудбалер на Падерборн.

Девојчето во еден момент загубило свест, по што докторите интервенирале брзо, па итно го префрлиле детето во болница, но и покрај сите напори да се спаси, таа за жал починала.

Баерн изрази сочуство до семејството и на сите останати поради тоа што се случи на мечот во Бундеслигата во дуел, кој го добија Баварците со 3-2.