Леброн Џејмс се повреди и ќе го пропушти мечот против Голден Стејт

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ќе го пропушти мечот против Голден Стејт вориорс поради повреда на препоните.

Леброн во вторникот во триумфот против Њу Орлеанс пеликанс постигна 40поени, а по мечот се пожали на болки.

Оваа сезона Џејмс одигра 54 од 56 меча за Лејкерс и во просек постигнуваше по 25,5 поени, 7.7 скокови и 10,6 асистенции.

Да потсетиме, Леброн на Божиќ во 2018 година ја повреди десната нога и поради тоа ја пропушти цела сезона, а сезонава Џејмс имаше проблеми со лев препон, но ситуацијата беше помалку сериозна.

Лејкерс се први во Западната конференција со 44 победи и 12 порази.