Како го промаши ова? Цел свет му се смее на фудбалерот на Спартак (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Стефан Шормаз на мечот меѓу Спартак и Младост постигна гол во победата од 3-1, но дуелот ќе го памети по промашувањето, кое дефинитивно е едно од најголемите во годината.

Напаѓачот на Спартак во финишот од мечот имаше неверојатна шанса и беше потешко да се промаши, отколку да се постигне гол.

Меѓутоа, тој успеа да ја промаши небранетата мрежа и да ја префрли топката преку пречката, а цел стадион не можеше да верува што се случи.

На негова среќа, тоа не се одрази на конечниот резултат, иако Младост по неговото промашување намали на 1-2, сепак Шормаз на крајот се поправи и со гол ги постави конечните 3-1.