Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ беше ставен во посебна изолација поради коронавирусот.
Српскиот тренер веќе со месеци се бори со леукемијата и поради болеста е во ризична група на луѓе, кои лесно би можеле да се заразат со опасниот вирус.
Поради тоа докторите на Михајловиќ го советуваа да замине во Рим, каде што епидемијата не е толку развиена, отколку на северот.
Михајловиќ веднаш беше ставен во посебна изолација и нема да има никаква активност околу клубот.
Да потсетиме, фудбалот во Италија е запрен до трети април, а државата вомоментов е во вистински карантин поради големата епидемија на коронавирусот.