Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Норвешкиот стратег, Аге Хереиде нема да ја води репрезентацијата на Данска на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.
Хареиде ги однесе Данците на Европското, но поради пандемијата на коронавирусоти одлуката на УЕФА, првенството да се помести за една година, Хeреиде нема да седи на клупата на Данска.
„Не зборував со никој од Фудбалскиот сојуз на Данска за тоа дали ќе продолжиме да соработуваме или не. Само ме известија за одлуката дека Европското се одложува за следната година. Мојот договор истеува на 31 јули и очекувам да ја прекинеме соработката по тој датум“ –изјави Хeреиде.
Слична е сиутацијата и со Златко Далиќ кој се очекуваше по крајот на Европското да се пресели во Кина каде ќе зема „дебела“ плата.