Левандовски даде милион евра за борбата против вирусот!


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен, е свесен за големиот предизвик со кој се соочува целиот свет, па реши да помогне колку што може.

    Левандовски донираше милион евра во борбата против коронавирусот.

    „Сите сме свесни за тешката ситуација, денеска играме за ист тим и мораме да бидеме силни во борбата. Ако можеме да помогнеме, тогаш треба да го направиме тоа. Ситуацијата влијае на сите нас, да бидеме одговорни. Се надевам дека наскоро ќе се вратимена нормалниот живот, ние сме во оваа ситуација заедно и можеме да ја решиме“, кажа Левандовски.

    Хуманитарната акција ја почнаа неговите соиграчи Леон Горцка и Џошуа Кимих, а потоа се приклучија уште неколку фудбалери.