Манчестер Јунајтед ја добил битката за талент на ПСЖ

Италијанскиот весник „Калчомеркато“ пишува дека Манчестер Јунајтед ја добил битката за ангажман на младиот фудбалер на ПСЖ, Едуард Мичу.

За младиот 17 годишен фудбалер постоел интерес од Барселона, Јувентус и Манчестер Сити, но се верува дека Јунајтед прв стигнал до неговиот потис.

Мичу е посочен како новиот Верати затоа што има сличен стил на игра како италијанскиот репрезентативец. Младиот играч бил технички супериорен и делелодлични пасови, одлика која ја има Верати.