Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателите на Јувентус, Андреа Ањели и на Лацио, Клаудио Лотито имаа жестоки вербални пресметки во претходните денови.
Коронавирусот го одложи натпреварувањето во Серија А, а иако многумина тврдат дека ќе биде тешко да продолжи сезоната, првиот човек на Лацио вели дека фудбал ќе се игра повторно.
„Дали ги видовте податоците? Вирусот заминува. Разговарам со вистински експерти, луѓе кои се во првите линии, а не клупски доктори“, кажа Лотито.
Веднаш потоа одговори првиот човек на Јувентус.
„Секако, секако. Сега стана и експерт и виролог“, му одговори Ањели.
Лацио по 26 одигрнаи кола во Серија А се наоѓа на второ место и само еден бод е зад Јувентус, па не е чудно тоа што Лотито сака да се доигра сезоната.