Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лајпциг на лето најверојатно ќе остане без неколку важни фудбалери. Јасно е дека од клубот ќе замине Тимо Вернер, а пред излезни врати е и младиот француски дефанзивец Дајот Упамекано.
Овој 21-годишен фудбалер важи за еден од најголемите таленти на стоперската позиција, а интересот за него е огромен. Во игра за негово ангажирање се Арсенал, Барселона и Баерн Минхен, а цената е 60 милиони евра.
Германските медиуми тврдат дека младиот Французин побарал трансфер, па сака да го напушти клубот, а Лајпциг летово може да заработи добра сума за него.
Упамекано пристигна во германскиот тим во 2017 година, а претходно играше за Салцбург.