Исповед на Кармело Ентони: За малку ќе се удавев, а потоа се појави спасителот Леброн!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кармело Ентони е голем пријател со Леброн Џејмс. Тој на американските медиуми им раскажа како ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс успеала да му го спаси животот.

Кошаркарот на Портланд раскажа едно случување од минатото кое се случило на Бахамите.

„Пловевме со брод на Бахамите и сите скокнавме од бродот за да допливаме до малата пештера. А потоа сите почнаа да се враќаат кон бродот. Јас бев виновен затоа што не заминав со нив. Кога погледнав што се случува, водата почна да ме носи на отворено. Многу работи ми минаа низ глава, а потоа го видов како Леброн скока во водата и успеа да ме фати со една рака, додека со другата пливаше. И така ми го спаси животот…“, раскажува Мело.