Коронавирусот го стигна и семејството на Пеп Гвардиола, почина неговата мајка Долорес

Од Манчестер Сити објавија дека мајката на нивниот тренер, Пеп Гвардиола, Долорес Сала починала во Барселона како последица од коронавирусот.

Долорес Сала Карио имала и претходни болести, но смртта настанала откако се заразила од коронавирусот. Имала 82 години.

„Сите кои се поврзани со клубот упатуваат најискрено сочувство во овој најтежок момент до Пеп, неговото семејство и  сите нивни пријатели“ –стои во дел од соопштението на Сити.