Ливерпул ќе се обиде да ја донесе сензацијата од Вулверхемптон


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Не се очекува Јирген Клоп да троши многу пари и во овој летен преоден рок, а во тимот ќе пристингат играчи само доколку некој од актуелните фудбалери си замине.

Ова лето се очекува заминување на Џердан Шаќири кој ќе го напушти „Енфилд“, па така од Ливерпул на негово место ќе донесат играч кој годинава блеска во Премиер лигата.

Станува збор за 24 годишниот фудбалер на Вулверхемптон, Адама Траоре кој годинава покажува неверојатен стил на игра со која го привлече вниманието на големите европски клубови.