Сопругата на Меси објави фотографија на Инстаграм, а потоа Георгина ги изненади со коментар (ФОТО)

Сопругата на Лионел Меси, Антонела, вчера го привлече вниманието со семејната фотографија што ја објави на Инстаграм.

Меси го прослави Велигден со семејството во домашна изолација, а неговата сопруга објави неколку фотографии на Инстаграм. Но, една од нив привлече големо внимание.

Поточно, Антонела објави семејна фотографија на Инстаграм, а она што предизвика големо внимание е коментарот што го направи девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.

Иако Меси и Роналдо се најголемите ривали во фудбалот, ова е доказ дека тие навистина ги имаат вистинските односи надвор од теренот.