Ѓоковиќ се брани: Не сум експерт за коронавирус, збунет сум како и сите останати во светот!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се јави со соопштение кое го испрати до „Њујорк Тајмс“ по повод изјавата за вакцината против коронавирусот.

Ѓоковиќ пред два дена кажа дека е против вакцинирање, а неговата изјава предизвика голема бура во јавноста и привлече внимание во светот.

„Не сум експерт, но сакам да имам опција да изберам што е најдобро за моето тело. Ќе продолжам да истражувам на оваа тема затоа што е важна и влијае на сите нас. Да бидам искрен, малку сум збунет, како и остатокот од светот. И покрај тоа што имам пристап до информации, во дилема сум што е најдобро да направам во ситуацијава“, кажа Ѓоковиќ во соопштението кое беше испратено до „Њујорк Тајмс“.