Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино би можел на лето да се врати на работа. Тој доби отказ од Тотенхем пред неколку месеци, а на неговата позиција пристигна Жозе Мурињо.
Многу клубови го посакуваа Покетино, а „Скај Спортс“ објави дека негов нареден тим ќе биде Њукасл, кој добива богат газда, односно саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Вложувањата на новиот газда ќе бидат огромни, затоа што има цел да направи моќен тим, кој ќе може најпрво да се бори за пласман во Лигата на шампиони, а потоа и да се бори за европската титула, но и за трофејот во Премиерлигата.
Пред Покетино, со Њукасл се поврзуваа и Масимилијано Алегри и Лучано Спалети, но Аргентинецот е најголем фаворит за позицијата.