Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ неодамна кажа дека шампион се станува само на терен, а тоа предизвика МЗТ Скопје Аеродром да излезе со конкретен предлог за начинот на кој може да се добие нов шампион и тоа за само еден месец.
МЗТ Скопје прелага скратен плејоф со тимовите кои обезбедиле пласман во Суперлигата. Во четвртфинале би играле екипите 3-6 и 4-6 на две победи, а првопласираните две екипи би биле слободни. Во полуфинале ќе се сретнат победникот од 4-5, а второпласираниот со победникот 3-6 во серија до три победи. Потоа двете најдобри екипи ќе се пласираат во финале и ќе се игра до три победи. Сите средби би требало да се играат дома и на гости, а дали ќе има публика, тоа зависи од државните органи.
Целиот допис на МЗТ Скопје до Куќата на кошарката на Македонија може да го прочитате ТУКА.