Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот Мирослав Клосе потпиша едногодишен договор со Баерн Минхен и следната сезона ќе му биде асистент на Ханси Флик.
Клосе кој е рекордер по бројот на постигнати погодоци на едно Светско првенство досега работеше во младинските категории на Баерн Минхен работејќи како тренер на у17 тимот на баварците. Клосе официјално ќе стане асистент на Баерн Минхен од 1 јули.
„Се знаеме меѓусебно многу добро уште од времето поминато во националниот тим и си веруваме професионално и лично. За мене ова е чекор напред во мојата тренерска кариера“ –изјави Клосе.