Премиерлигата ќе ја запре продажбата на Њукасл поради кражба на ТВ-права!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Гардијан“ објави дека Премиерлигата размислува да го запре преземањето на Њукасл. Тие доставиле документи кои покажуваат дека нелегална платформа пренесувала натпревари од првенството во Саудиска Арабија.

Тоа немаше да им пречи на Англичаните, доколку платформата не беше поврзана со Владата на Саудиска Арабија.

Штетите од кражбата на преносите може да се мери со милиони евра, а со такво нешто имаат проблеми и УЕФА и Ла Лига.

Член на кралското семејство на Саудиска Арабија во трансакција вредна 300 милиони фунти имаше намера да преземе 80% од акциите на Њукасл, но такво нешто засега нема да се оствари.