ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Репрезентативниот бек на Хрватска и поранешен играч на ППД Загреб, Стипе Мандалиниќ е нов член на Еурофарм Пелистер.
Одличниот 27 годишен ракометар се поврзуваше со трансфер и во Вардар и Мешков Брест, но се реши кариерата да ја продолжи во редовите на битолскиот тим.
Мандалиниќ е одличен лев бек на кој последен клуб му беше Фуксе Берлин, а во кариерата има настапувано и за Карловац и Сплит.
„Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата“, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.
Стипе Мандалиниќ е четврто и најголемо засилување за Еурофарм Пелистер кој претходно ги ангажираше и Периќ, Кушан и Танкоски.