Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ непосредно по прекинот на тениската сезона предложи иницијатива за спас на тенисерите кои немаат добар пласман на АТП-листата.
Додека многумина го поддржаа предлогот, постојат и некои кои се противат, а по Доминик Тим, на Ѓоковиќ му се спротистави и Матео Беретини.
„Мое мислење е дека ниту во професионалниот спорт натпреварувачите не треба да си помагаат со пари едни на други. Тоа е на одговорните тела, во случајов АТП, ВТА и ИТФ. Тие ги организираат турнирите, а ние учествуваме на нив. Нивната одговорност е да се грижат за нас“, кажа Беретини.
Ѓоковиќ му одговори на Беретини дека ја разбира неговата одлука и дека донациите не се задолжителни.