Бартомеу: Ако си замине Панатинаикос, ќе најдеме замена!

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу кажа дека елитното натпреварување лесно ќе го замени Панатинаикос, ако тие решат да заминат.

Евролигата реши да ги стопира своите натпреварувања за оваа сезона, а тоа на Панатинаикос не му се допадна и повторно се закани дека ќе ја напушти Евролигата.

Поради тоа се јави и првиот човек на Евролигата, кој кажа дека ќе пронајде замена за грчкиот тим, доколку решат да го напуштат натпреварувањето.

„Со Панатинаикос мора да имаме трпение и тоа е главна работа. Мора да бидеме во постојан дијалог со нив, меѓутоа, доколку тие решат да ја напуштат Евролигата, лесно ќе ги замениме“, кажа Бартомеу.