Дончиќ го „копира“ Ѓоковиќ: Лука учи да игра тенис како најдобриот во свет! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ја користи паузата во НБА-лигата за да може да научи подобро да игра тенис. А од кого би научил најдобро, ако не од првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Дончиќ играше на земјен терен и се обиде да имитира еден потег на Ѓоковиќ. Таа снимка ја објави на Инстаграм, а брзо реагираше и Србинот кој беше воодушевен од потегот на младиот Словенец.

Од претходно е познато дека Дончиќ е голем фан на српскиот тенисер Ѓоковиќ.