Три години од драмата против Барселона и голот на Циндриќ за финале на Вардар! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред точно три години, на 3 јуни 2017 година,Вардар направи голем чекор кон првата титула во ракометната Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ во полуфиналето на турнирот во Келн се соочија со фаворитот Барселона, а на пет секунди пред самиот крај на мечот Лука Циндриќ испрати проектил кон голот на Каталонците и ги постави конечните 26-25.

Чуварот на мрежата на Барселона едноставно не можеше да реагира на ваквиот удар на Циндриќ, кој го испрати Вардар директно во финалето, каде што се бореа против ПСЖ и успеаа да ја освојат европската круна.