Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само десетина дена пред продолжението на Ла Лига, екипата на Барселона е во голема неволја, а главната причина е Лионел Меси.
Имено, според шпанските медиуми, тој чувствувал остра болка во десната нога за време на последната тренинг сесија, и направил разни испитувања.
По прегледот, заклучокот на докторот е дека Меси многу лесно би можел да го пропушти натпреварот против Мајорка, бидејќи процесот на закрепнување е планиран околу десетина дена.
Меси можеше да работи лесно, но беше поштеден за да не предизвика сериозни штети што ќе го одведат уште подалеку од терените.
Прашање е како медицинскиот тим на Барселона ќе ги подготви своите играчи за следниот период, поточно да одиграат единаесет натпревари за скоро пет недели.