Настрада заедно со Дражен Петровиќ, го загуби памтењето, па скокна од 17 кат!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Дражен Петровиќ или „кошаркарскиот Моцарт“ го загуби животот во автомобилска несреќа на 7 јуни 1993 година на германски автопат. Со кошаркарот во Голфот беше неговата девојка и пријателка Хилал Едебал, талентирана турска кошаркарка.

Дражен спиел на предно седиште, додека неговата девојка управувала со возилото, а Хилал седела на задното седиште.

Едебал поминала осум недели во кома во болница, со скршени коски на рацете и колковите.

„Дражен почина и тоа беше ужасно, но да преживееше се прашувам каков живот ќе имаше. Кога ќе го погледнете автомобилот, јасно ви е дека нема да можеше да ја продолжи кариерата. Ми беше многу тешко. долго време бев на терапии. Го загубив памтењето. Не препознавав никого и ништо во Минхен, каде што пораснав. Не планирав да скокнам за да се убијам. Сакав да се разбудам од сон. Мислев дека ќе прекине овој кошмар“, кажа Едебал.