Мото ГП сезоната ќе почне на 19 јули во Шпанија

Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе почне на 19 јули во Шпанија, по неколку месечни одложувања поради пандемијата на коронавирусот.

Ќе има најмалку 13 трки сезонава, а ќе се вози во Европа од јули до ноември. Можно е во календарот да се додадат уште четири трки.

Присуството на навивачите на трибините ќе зависи од правилата на земјите организатори.

Шпанија ќе биде домаќин на дури седум трки, а покрај Херез, ќе се возат и во Барселона, Арагон и Валенсија.

Трките во Чешка, Австрија и Франција се исто така во распоредот, додека две трки се планирани за Сан Марино.

Постои можност за одржување на трки во САД, Аргентина, Малезија и на Тајланд.